На социјалните мрежи се споделува говорот на директорката на театарот „Пулс“ од Лазаревац, Ивана Недељковиќ, која им се обратила на родителите поради тоа што била сведок на бизарна сцена.

Инцидентот се случил на детскиот театарски фестивал „Позоришни рингишпил“, а Недељковиќ одлучила да им се обрати на родителите откако била шокирана од нивното однесување.

– Се викам Ивана Недељковиќ и сум директорка на театарот. Имам потреба да ви се обратам по три дена од фестивалот. Постојат многу причини за ова, не само затоа што е последен ден, туку затоа што имавме можност да проследиме одлични претстави од различни фестивали, но како личност и директор на театарот, како уметник и творец, се чувствувам поразено. Имавме неколку инциденти, и ве молам да ме сослушате – започна таа со нејзиното обраќање.

Таа раскажа дека била изгребана додека дел од публиката се обидувала да помине преку ред и вели дека глумците, како ансамбл, биле напаѓани речиси секоја вечер затоа што некој не сфаќа дека не може да донесе двегодишно дете на претстава која е наменета за деца од седум, осум, девет години.

– Почитувани родители, носите мали бебиња во колички и кога не можете тука да влезете со количката, бидејќи ова не е стадион или парк, се расправате со нас, се расправате со ансамблот „Пулс“, се расправате со дежурните вработени, се расправате со луѓето кои го афирмираат овој град. Драги родители, жители на Лазаревац, исклучете ги мобилните телефони. Вклучените мобилни телефони го вознемируваат изведувачот. Почитувани родители, не влегувајте во театарот со пуканки, ги вознемирувате актерите и публиката која сака да ужива во претставата – продолжи таа во својот говор.

Таа порача дека родителите треба да ги предупредат децата да не јадат пуканки во театар, а потоа откри на каква бизарна сцена присуствувала.

– Ова е деветти „Рингишпил“ по ред, ние тука имавме полни сали, 600 посетители, никогаш не се случил ниту еден инцидент, има родители кои ја гледаат претставата и го оставаат своето двегодишно дете да се тркала по скалите, да го спасува дежурниот актер, да се врти за да го побара родителот на детето, а никој не му кажува чие дете е – вели таа.

На крајот, таа ги замолува родителите да им помогнат на просветните работници, велејќи дека е лута и бесна бидејќи е изгребана.

– Ова не е арена, ова не е стадион, ова е театар, се знае што е театарски бонтон. Ако не знаете што е, не доаѓајте во театар. Театарот не е обврска туку добра волја. Сите претстави се бесплатни, некој тоа го платил за вие да го гледате бесплатно. Тогаш, почитувајте ја институцијата, овој храм на културата, почитувајте ги актерите – рече таа.

Извор



912

X