Игротека

Директорка го затвори училиштето на еден ден и им порача на родителите: „Одете и правете снешко со вашите деца!“

Додека бевме деца, едвај чекавме да падне снег. Снежните денови беа посебно задоволство: санки и борби со снежни топки. Во текот на изминатата година, во екот на стресот поради пандемијата и нејзините последици, тешко беше да се израдуваме на нешто.

Но, Бонди Шеј Гибсон, директорка на училиште во округот Џеферсон, Западна Вирџинија, никогаш не го изгубила фокусот од она што е навистина важно.

Со оглед на тоа што метеоролозите прогнозирале голема снежна бура во овој округ, Гибсон презела иницијатива да се затворат училиштата и го искористила моментот за да ја потсети својата заедница дека негувањето на духот понекогаш е исто толку важно како и разгорувањето на интелектот.

Во нејзината фејсбук-објава ги потсетува родителите едноставно да уживаат во овој момент, да ги остават децата да бидат деца. Еве го соопштението што таа им го испратила до родителите:

– Со генерации, семејствата го поздравуваа првиот снежен ден во годината со радост. Време е за обновено чудо на сите убави работи што ги носи секоја сезона. Потсетување за тоа колку детството може да биде минливо. Можност да создадете спомени со вашето семејство што ќе ги чувате цел живот.

Ова беше година на навидум бесконечна загуба и стрес. За момент, можеме да оставиме сѐ и да се ослободиме од грижата да надоместиме многу работи што ги пропуштивме, осигурувајќи се дека ова е една од работите што нашите деца нема да ја изгубат оваа година.

Затоа, ве молам, уживајте во денот во санкање и топло чоколадо и во удобноста пред каминот. Сликајте ги вашите деца со капите што ќе им бидат мали наредната година и читајте книги во кои сакате да се изгубите, а не сте имале време да го направите тоа. Ќе се вратиме на сериозноста и итните работи што ги носи растењето в четврток, но утре – одете и направете снешко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top