Ќе биде овозможена онлајн-настава поради немедицински причини. Директорот е тој што ќе одлучува кому ќе даде дозвола за учење од дома, но прашање што е нејасно и на кое не добивме одговор од МОН е врз основа на кои критериуми директорот на училиштето ќе одлучува кому ќе даде дозвола за учење на далечина

Големи реакции во јавноста предизвика најавата дека сите ученици од 1 септември ќе мора да се вратат во училишните клупи. Родителите се со поделени мислења – едни коментираат дека едвај чекаат децата да почнат да следат настава со физичко присуство, а други негодуваат со оглед на фактот дека е висок бројот на новозаразени и бројот на смртни случаи како последица на ковид-19.
Факултети.мк ги праша одговорните во Министерството за образование и наука (МОН), врз основа на кои критериуми директорот на училиштето ќе одлучува кое дете смее да следи настава од дома и како МОН очекува да се почитуваат протоколите во однос на физичката дистанца, со оглед на фактот дека во училница од околу 30 квадратни метри ќе има околу 30 ученици. Оттаму ни одговорија:

– На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, на 99. седница на Владата е донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Наставата со физичко присуство е најдобрата опција за задоволување на интересите на учениците, влијае врз квалитетот на стекнатите знаења, социјализацијата и психо-физичкиот развој, а воедно тоа е и препорака на УНИЦЕФ како организација која работи на заштита и унапредување на детските права. Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат за деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето – велат во МОН.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк



912

X