Освен што му стана жена на познатиот глумец и режисер Џорџ Клуни, таа е и еден од најмоќните адвокати и борец за човекови права во светот, а над сè е мајка на две мали деца.
Амал Клуни одлучи да ѝ открие на јавноста како успева да биде и мајка и адвокат. Признала дека не прима повици наутро за да може да помине време со својот сопруг и со децата.

 
Фото: Јутјуб

– Помеѓу 6 и 8 часот наутро поминуваме време со децата во нашиот кревет. Не закажувам никакви повици пред 8 часот – изјави познатата мајка за магазинот Вог.
– Додека ги доев, сè беше покомплицирано затоа што се две. Имав еден куп чудни перници и помагала.
Со насмевка рече дека близнаците прво научиле да речат мама, а потоа тато.
Џорџ Клуни е многу искрен во разговорот за децата: „Јас тешко се снаоѓам, додека Амал е олимписки шампион“, изјави гордиот татко за „Ентертејмент тодеј“.
Децата се поделени, едното лични на таткото, а другото на мајката, велат родителите.



912

X