Џексон има IQ 148, бил примен во МЕНСА на 9-годишна возраст, победил на најпрестижните натпревари за средношколци по математика на 11-годишна возраст и е исклучително надарен во цртање. Но, тој и неговите родители одлучиле да има нормално детство.

Уште од самиот почеток било јасно дека Џексон Кота од Мекини, Тексас, не е обично дете. На двегодишна возраст ги шокирал родителите кога прочитал 15-цифрени броеви. Неговиот татко пред неколку години за Би-би-си изјави дека знаењето на Џексон за броевите доаѓа природно и спонтано.

Кога лекарите му дијагностицирале губење на слухот на 8-годишна возраст, неговата мајка Лори не го гледала тоа како маана, туку како подарок што ќе ја охрабри неговата креативност и ќе се фокусира на работите што ги сака.

Губењето на слухот дефинитивно не го ограничило Џексон. На 9-годишна возраст, со коефициент на интелигенција 148, бил примен во МЕНСА, организација која ги обединува најинтелигентните луѓе во светот. Џексон бил еден од 2.600 членови на возраст под 18 години.

На 11-годишна возраст победил на најпрестижните натпревари за средношколци по математика, а имал можност и капацитет да дипломира на колеџ.

Но, неговите родители сакаа момчето да има нормално детство, како и сите деца.

– Дете си само еднаш во животот – изјави неговиот татко Метју. Без сомнение, Џексон ја сакал математиката, но најсреќен бил кога играл бејзбол.

– Бејзболот е мојата страст – рекол Џексон кога имал 11 години.

– Дипломирањето на 11-годишна возраст на факултет не е нешто што го сакам во мојот живот. Сакам да ги правам работите што ги обожавам, како играње бејзбол и дружење со пријателите, сакам само да бидам дете – изјавил тој.

Неговите родители го поддржале во неговите желби и не го присилувале да биде нешто што не е. Многумина веројатно ќе речат дека Џексон „го троши“ својот талент затоа што не ги прифатил можностите што му се отвориле, но тој и неговото семејство не мислат така.

Денес, Џексон има 17 години и сѐ уште ужива во бејзболот.

Понекогаш како родители сме во искушение да се обидеме да ги направиме нашите деца успешни, особено ако се гении како Џексон. Но, Метју и Лори Кота одлучиле дека Џексон треба да има детство и треба да му дозволат да биде среќен правејќи го тоа што го сака.

Извор



912

X