Познатиот готвач Џејми Оливер вели дека користи апликација на својот смартфон за строго да ги надгледува децата.
Тој вели дека со помош на апликацијата во секој момент може да провери каде се неговите деца, па затоа тие не се осмелуваат да го лажат.
– Постарите ќерки, сопругата и јас користиме апликација со чија помош секогаш можеме да видиме каде се наоѓаат и каде се движат помалите. Ако едната каже дека оди во Камден, а гледам дека била во Рединг, ќе имаме проблем – изјави Оливер, пренесуваат британските медиуми.
Тој признава дека и сопругата и децата можат да го следат него.

– Можат да видат дури и со која брзина возам. Тоа е супер – додава тој.
Додека некои сметаат дека тоа е добро решение за безбедноста на децата, други мислат дека Оливер отишол предалеку.
– Токму кога помислив дека Џејми Оливер не може да направи ништо полошо од она здраво готвење… сега признава дека користи телефон за да си ги шпионира децата. Како тогаш тие ќе пораснат и ќе станат независни – напиша еден корисник на „Твитер“.
Оливер неодамна изјави дека не се лути што понекогаш неговите деца јадат во ресторани за брза храна затоа што дома се хранат разновидно и здраво. Тој и неговата сопруга Џулс имаат пет деца.

 



912

X