Десетгодишната Дејзи-Меј Деметре од Бирмингем е родена со фибуларна хемимелија или фибуларен недостаток. Станува збор за вродено отсуство на фибули, односно отсуство на долги коски на екстремитетите. Во такви случаи, доаѓа до скратување на фибулата или до целосен нивни недостаток. Сепак, ова девојче не беше обесхрабрено од попреченоста, па сега е талентирана гимнастичарка и оди во сала за вежбање трипати неделно.

Дејзи има два комплети протетски нозе, а покрај гимнастиката, од 7 години стана и модел. Оттогаш таа има соработувано со големи модни брендови како „Најк“, „Ривер Ајленд“ и „Боден“. Исто така, таа е амбасадор на модниот бренд „Лулу е жижи“.

– Таа ме инспирира покажувајќи ми која е. Го прифаќа животот со насмевка на лицето и прави извонредни работи. Без разлика дали тоа е танцување, пеење, таа е посебна девојка. По операцијата доби протетски нозе, научи да оди, да трча и да скока и сега е инспирација за целиот свет. Неодамна стана првиот детски модел со двојна ампутација што се прошета по модната писта на Париската модна недела – вели нејзиниот татко Алекс.

Таа се појави и на Модната недела во Њујорк, каде што прошета како прв детски модел со двојна ампутација.

Дејзи е девојче кое сака да му покаже на светот дека без оглед на попреченоста, во животот може да постигнете што сакате. Со цел да ги инспирира другите деца кои имаат ампутирани делови од телото, таа стана амбасадор на „Ампкемп кидс“. Во рамките на „Ампкамп“ ќе се одржи неделен камп во Тенерифе.

Програмата ќе обезбеди одмор за шест семејства во приватна вила во Тенерифе, каде што Дејзи ќе ја сподели својата приказна и ќе ги инспирира децата да постигнат сè што сакаат.

– Неверојатно сум горда на Дејзи, таа добро се најде во светот на моделите и во животот, и уживаше во многу можности што никогаш не сум сонувала дека ќе ги има. Бев навистина во ужасна состојба кога ѝ беа ампутирани нозете. Тоа беше мрачен период за мене. Како дел од неделниот камп, ќе разговарам со родителите и ќе им покажам дека е тешко, но дека нивните деца сепак можат да напредуваат и да живеат исполнет и среќен живот – изјави таткото на девојчето.

Дејзи сака нејзината приказна да се слушне и да ги инспирира сите лица со попреченост. Таа сака да ги инспирира другите да се стремат да ги постигнат своите цели, без оглед на сѐ.

Извор



912

X