Девојче од Калифорнија ги победило лошите прогнози, успешно закрепнало и било испратено дома откако поминало шест месеци во болница. Шарлот и нејзината сестра близначка Оливија се родени во декември минатата година, а Шарлот беше хоспитализирана во јануари поради тешкотии со дишењето и респираторна инфекција.

Родителите на почетокот не знаеле што не е во ред со нивното девојче. Оливија била сосема здрава, а Шарлот се родила со едно белодробно крило, но на почетокот немала никакви проблеми поради тоа.

На 29 јануари девојчето било поврзано со машина за оксигенација на екстракорпорална мембрана, или ECMO. Ѝ била дијагностицирана трахеална стеноза. Имала вродена маана на дишните патишта. Прстените во нејзиниот душник биле абнормални и крвен сад бил обвиткан околу нејзината трахеа.

– Овој збир на аномалии е доста редок – вели д-р Метју Бригер, шеф на детска отоларингологија во детската болница „Реди“.

Лекарите морале да чекаат Шарлот да се зајакне пред да можат да ја оперираат. Тие верувале дека нејзините шанси за преживување се 20 отсто. Но, девојчето се покажало како вистински борец. Операцијата била успешна и Шарлот била пуштена дома.

– Никогаш не покажуваше слабост и тоа ни даваше сила. Имаше различни емоции, но сега сме заедно и можам да кажам дека вредеше – изјави мајката на девојчето.

Д-р Бригер вели дека не очекува на Шарлот да ѝ треба уште едно белодробно крило и дека нејзината иднина е светла.

– Прогнозата е многу добра. Можеби нема да трча маратони, но тоа е Шарлот, па тешко е да се каже. Цело време ни докажуваше дека не сме во право – вели докторот.

Извор



912

X