Молбата на едно осумгодишно дете до Дедо Мраз да ја искористи својата божиќна магија за да ѝ помогне да стекне повеќе пријатели и да биде помалку малтретирана скрши милиони срца.
Девојчето ја напишала својата желба на списокот со желби за Божиќ, на кој има и популарни играчки.
Мајката на девојчето, Сузи Боливер, изјавила дека срцето ѝ се скршило кога ги забележала последните две желби на списокот. Таа го објавила видеото и на „Тик-ток“ бидејќи не можела да ги игнорира зборовите кои го шокирале целото семејство.
„Знаете што… Ова се зборови на едно осумгодишно девојче во 2022 година. Можеби треба да разговараме повеќе за ова“, рекла мајката покрај видеото на кое се гледа писмо напишано со детски ракопис. Девојчето на списокот со желби навело „повеќе пријатели“ и „помалку малтретирање“.
@thebolivers I wasn’t going to post this, but you know what.. this is being 8 yrs old in 2022 and maybe we should be talking about it..
♬ Get You The Moon – Kina
Илјадници луѓе оставиле коментари за поддршка на девојчето и нејзината мајка.
„Ова ми го крши срцето“, „Злоупотребата од детството го уништи моето ментално здравје во моите доцни дваесетти години. Ве молам заштитете ја и бидете емотивно достапни“, „Моето 9-годишно девојче напиша дека сака да биде убава. Не можам да опишам со зборови колку е тажно“, велат некои од нив.