Четиринаесетгодишно девојче вчера починало на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девојчето, кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје вели дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип, што е зголемување за 27,9 отсто споредено со претходната недела кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

– Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника- потенцира д-р Кузмановска.



912

X