Вознемиреноста на 4-годишната Блејк ја виде целиот свет бидејќи таа е всушност само помала верзија од сите нас.
„Ѝ објаснивме сè за карантинот, дека часовите по танцување ќе бидат одложени некое време, џиу-џицу исто така“, рекла мајката на Блејк, Ребека. „Кога ги споменавме часовите по танцување, Блејк едноставно се изгуби“.
„Сега сè во светот треба да згасне, а никој да не оди никаде“, вели Блејк во видеото кое било споделено приближно 200 илјади пати на социјалната мрежа „Фејсбук“. Блејк не само што се вознемирила, туку почнала да набројува што сè изгубивме поради затворањето и рестриктивните мерки, а сето тоа е нешто во кое сите можеме да се пронајдеме.
– Камионот за сладолед е затворен – извикнува таа. Во тој момент друго дете во видеото почнува да плаче. „И местото со изворче е затворено, кое ми е омилено место. Не можеме да одиме никаде, дури ни во Мекдоналдс, а тоа е мојот омилен ресторан“. Таа рони големи солзи, па дури и таткото на Блејк се обидува да ја поправи. „Уште можеме да одиме со автомобил да се возиме, но не можеш да влезеш на игралиштето“, вели татко ѝ. „Да, па тоа е навистина фрустрирачко“, му одговара Блејк на татка си.
„Таа зборуваше околу 7 минути, а јас го зедов телефонот за да снимам“, рекол татко ѝ. Откако го објавил, видеото има илјадници прегледи. Веројатно бидејќи и возрасните можат да плачат и да му врескаат на вирусот, со оглед на состојбата и рестрикциите.
– Сите мислевме дека досега ќе го надминеме ова, но мислам дека сите сме сега на истото место каде што таа беше пред 3 месеци – истакнал Бен. По 3,5 минути, Блејк конечно почнала да ја прифаќа ситуацијата – „Но, ова го правиме за сите да бидат безбедни, така?“, прашала Блејк. „Мамо, дали утре може да го добијам мојот ајпад?“
Блејк има совет за сите. Како да се справиме со месеци поминати во рестрикции и изолација?
„Што да правите за да не ви биде здодевно? Играјте на мојот ајпад!“
Тоа не е лош совет, но сладолед би бил подобра опција.
Автор: Вилоу Питс