Ритуалот на оставање млечен заб под перница навечер и очекување награда наутро е една од омилените работи на секое дете.

Сепак, 6-годишната Лена останала без запче на авионски лет. Таа и нејзината мајка Лорен Лармон неодамна летале од Њујорк до Јужна Каролина кога девојчето заспало. Мајката ја разбудила кога слетале и тие требало да излезат од авионот. Девојчето забележало дека ѝ недостига еден заб, кој извесно време се нишал. Таа сфатила дека забот останал во авионот, па се вознемирила.

Ѝ кажала на мајка си дека ѝ паднал забот и се обидела да се качи во авионот за да го најде. Но, обезбедувањето веќе ја затворило вратата, па тие не можеле да влезат. Малото девојче почнало неутешно да плаче.

Но, пилотот на нивниот лет, капетанот Џош Духоу, успеал да го спаси денот. Тој се понудил да ѝ напише писмо на забната самовила во кое ќе објасни зошто вечер нема да најде запче под перницата на Лена.

– Драга забна самовило,

Лена го изгуби запчето на нашиот лет за Гринвил, па те молам земи ја оваа порака наместо нејзиниот заб.

Капетан Џош.

На задоволството на Лена, самовилата ја прифатила пораката од капетанот, па девојчето добило подарок и порака:

– Лена, во ред е што го изгуби забот на авионот. Јас ќе одам да го земам. Продолжи да ги миеш забите.

Извор



912

X