Родителството е забавно патување и објаснувањето на сите детали од животот на малите луѓе кои сè уште не го разбираат светот може да заземе различни насоки. Разговорот за комплицирани теми како сексот и бременоста и како се создаваат луѓето е од клучно значење и кога информациите доаѓаат од нас, децата се подобро подготвени. Но, дури и овие разговори можат да имаат неочекуван исход. Седумгодишно девојче ја кажува својата теорија за тоа како се прават бебињата и од каде доаѓаат.

– На пат кон паркот, мојата 7-годишна ќерка раскажуваше што ѝ кажала нејзината постара сестра за тоа како се прават бебињата – изјавила мајката која го снимила видеото.

– Бев толку шокирана кога ја слушнав што кога стигнавме таму, ја замолив да го повтори тоа што го рече за да можам да ја снимам – додава мајката.

Прво, мора да стапиш во брак. Машкото го става **** во вагината на девојката – раскажува девојчето. Потоа нејзината теорија отстапува од биологијата, па продолжува да објаснува: – Тогаш, ако сакаат едно дете, чекаат 5 минути; ако сакаат 2, чекаат 15 минути, а ако сакаат 4 бебиња, чекаат 20 минути и тоа продолжува и продолжува. Девојчето потоа продолжува да раскажува како изгледа породувањето.

– Тогаш одат в болница кога стомакот ќе стане толку голем. Бебето почнува да клоца брзо – вели девојчето, додавајќи дека кога жената е бремена во 9. месец, ѝ го вадат бебето од вагината или стомакот.

Извор



912

X