Горда мајка го споделила трогателниот одговор на нејзината седумгодишна ќерка која добила задача да одговори на прашањето што би направила доколку ѝ дадат 100 долари за домашната задача.

Александра Билингс од Енкориџ, Алјаска, го споделила на Редит одговорот на нејзината ќерка Дијана на прашањето, кој гласел:

„Замислете дека имате 100 долари. Мора да ги дадете на некоја личност или на добротворна организација. Кому би ги дале? Што би сакале да прават со тие пари?“

Одговорот на Дијана, вели нејзината мајка, буквално ѝ го скршил срцето.

„Би ѝ го дала на мојата наставничка за да може да си купи некои работи бидејќи нема доволно пари. Би сакала да купи работи што ѝ требаат, како јаболка, јагоди, сапун или слични работи што им требаат на нејзините деца“, напишала таа.

„Сакав да ја споделам нејзината домашна задача за да покажам дека има неверојатно големо срце и се надевам дека ќе охрабрам некои учители или ќе разубавам нечиј ден како што оваа порака го разубави мојот“, објаснила мајката Александра.

„Ова е навистина прекрасно, но и толку тажно. Седумгодишно дете разбира колку неправедно се платени наставниците денес и мило ми е што наставничката ги споделила своите финансиски проблеми со своите ученици“, напишала една мајка во коментарот под објавата.

Извор



912

X