Кристина, Анастасија, Миха и Филип, тинејџерите од популарната телевизиска серија „Дајте музика“ на МРТ, ја претставија Македонија со песната „Green forces“ на евровизиската сцена во Париз, Франција и освоија деветто место.
Песната со најголем број поени, односно ,,Qami, qami“ на младата Малена од Ерменија годинава победи на изборот со 224 поени.
На настанот учествуваа 19 земји, а Македонија настапи претпоследна. Нашите претставници се појавија на сцената во лежерен, тинејџерски стил. Ги облече Јована Филиповиќ, а ги стилизира Славица-Цаци Паковска.

Со „Green Forces“ ќе пренесеме важна порака, велат нашите претставници на Детска Евровизија
„Green forces“ е авторско дело на Роберт Билбилов, а текстот го потпиша Робин Зимбаков.
Гласањето содржи гласови од публиката, кои сочинуваат половина од конечниот резултат, претворени во поени, а втората половина е од гласовите на жирито.
Нашите претставници освоија вкупно 114 поени.