Наставниците и професорите сѐ почесто предупредуваат за проблемите со кои се соочуваат денешните генерации ученици и студенти. Технологијата, недостигот на мотивација и отсуството од настава негативно влијаат врз образованието и развојот на децата. Ова се најчестите проблеми:

Тешкотии во разбирањето на прочитаното

Сè повеќе деца подоцна учат да читаат, а во повисоките одделенија имаат проблем со разбирање на текстот. Причината? Премалку читање и премногу екрани.

Краток опсег на внимание

Мобилните телефони негативно влијаат врз концентрацијата. Учениците стануваат сè понемирни и имаат тешкотии да ја следат наставата.

Не се трудат

Иако им се дадени алатките, учениците не се подготвени да вложат труд. Проблемите со менталното здравје дополнително ги попречуваат.

Недостиг на љубопитност

Младите сѐ почесто тврдат дека училиштето им е досадно и дека не бараат ново знаење.

Слаби вештини за решавање проблеми

Тие се потпираат на другите наместо да се обидуваат сами да ги решаваат предизвиците, што доведува до неуспех.

Сѐ повеќе отсуства

Пропуштањето на часовите негативно влијае врз учењето и социјализацијата.

Потреба за моментално задоволување

Технологијата создаде генерација која очекува брзи резултати со минимален напор.

Лоша емоционална регулација

Училиштата немаат ресурси да обезбедат индивидуален пристап за учениците, а младите имаат тешкотии да ги контролираат своите емоции.

Технологијата ја нарушува наставата

И покрај тоа што мобилните телефони се забранети, учениците ги користат, што го нарушува вниманието и создава вознемиреност кога се без нив.

Родителите и училиштата треба да работат заедно за да им помогнат на децата да ги надминат овие предизвици и поуспешно да се справат со образованието и животот.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X