Адолесценцијата е време кога младите копнеат по слобода. Овој период е обележан со желба за независност, но родителската поддршка продолжува да игра важна улога додека тинејџерите се приспособуваат на новите улоги и одговорности.

Психологот и едукатор за родителство, Џејми Блох, на „Инстаграм“ споделила девет работи кои на тинејџерите на таа возраст сè уште им се потребни од нивните родители. Таа тврди дека како психолог, многу добро ги познава умовите на младите и знае што им помага да се чувствуваат сакани, видени и поддржани.

Таа ги споделува следните совети:

-Бидете гостопримливи и прифатете ги пријателите на вашите деца.
-Прифатете ги какви што се (фризура, облека).
-Слушајте ги кога нешто ви кажуваат или објаснуваат.
-Останете смирени дури и кога ги споделуваат своите проблеми со вас.
-Почитувајте ја нивната потреба за простор и не сфаќајте го тоа лично.
-Приредете им мали изненадувања кои се добро осмислени.
-Користете хумор и смејте се со нив, бидејќи сè уште сакаат да играат.
-Кажете им дека ги сакате и покажете им мали гестови на наклонетост, на пример, прегратка.
-Поддржете ги и охрабрете ги.

-Треба да работиме на односот со нашите тинејџери од самиот почеток. Дури и ако не сте блиски со вашите деца, постојат многу начини на кои можете да ја обновите врската со нив. Тинејџерите забележуваат сè, дури и малите гестови на љубов. Следниот пат кога ќе сакате да се поврзете со нив, обидете се да направите нешто од оваа листа – заклучила Блох.

Извор



912

X