Сеќавањата од детството вклучуваат големи настани, но тие често се поврзани и со едноставни моменти кои пренесуваат љубов, сигурност и поддршка. Ова се малите нешта што оставаат длабока трага во срцата на децата и го обликуваат нивното чувство за поврзаност со нивните родители. Детскиот психолог, мајка и воспитувач за родители Џејми Блох ги истакнува токму тие девет посебни моменти во нејзината нова објава на „Инстаграм“. Таа тврди дека тоа е она што децата најмногу го паметат од нивните родители.

Еве што споделила таа:

-Моментите кога сте биле тука за нив.
-Малите гестови на љубов што им ги покажавте.
-Времето кога сте играле со нив и сте покажувале интерес за тоа кои се и што ги интересира.
-Моментите кога се чувствувале безбедно и сакани со вас.
-Моментите кога сте ги научиле на нешто или сте побарале помош од нив.
-Деновите кога сте ја виделе нивната храброст и способност, дури и кога тие самите не ги виделе.
-Моментите кога сте ги прифатиле без осудување и сте ги охрабриле да бидат свои.
-Времето кога сте го приспособиле распоредот за да поминувате време со нив.
-Долгите прегратки што им ги дававте и деновите кога им кажавте колку сте среќни што сте нивни родители.

-Детството е многу краток период, но трајното влијание што го имаме врз нашите деца останува цел живот – заклучила таа.

Извор



912

X