Патот по кој вашето дете оди напред е тесен како оваа греда по којa оди детето. Кога е мало, и висината на гредата е мала, па ако падне, пак може лесно да се качи и да продолжи понатаму. Кога ќе порасне, а не научило да оди по греда, тешко ќе може повторно да се качи на неа за да продолжи понатаму!
– Моите рачиња се мали, ве молам, не очекувајте перфекција кога го местам креветот, кога цртам или ја фрлам топката. Моите нозе се кратки, ве молам, не брзајте многу за да можам да ве стигнам.
– Моите очи не го гледаат светот како вашите, ве молам, дозволете ми слободно да истражувам, не ограничувајте ме непотребно.

– Моите чувства се нежни, ве молам, бидете сензитивни кон моите потреби. Немојте да ми приговарате по цел ден. Веројатно ни вие не сакате некој да ви става забелешки поради вашата љубопитност.
– Потребни ми се вашите охрабрувања и пофалби за да растам. Ве молам, не брзајте со критиките. Запомнете, вие можете да ги критикувате моите постапки и однесувања без да ме критикувате мене лично.
– Ве молам, не правете нешто за мене без мое знаење. Кога го правите тоа, чувствувам дека мојот труд не е на ниво на вашите очекувања. Знам дека е тешко, но ве молам, не споредувајте ме со мојот брат или со мојата сестра.

 



912

X