Многу пати кога им поставуваме прашања на децата, добиваме одговори со еден збор и речиси е невозможно да извлечеме нешто од нив. Може да се обидеме да поставиме повеќе прашања, но се чини дека понекогаш дури и тоа не функционира.
Што можеме да направиме кога сакаме да се поврземе со нашето дете?
Детскиот терапевт Линдзи Адамс споделува неколку совети. Таа на нејзиниот инстаграм-профил откри дека нејзиниот сопруг ја подобрил врската со синот откако почнал да употребува одредени фрази.
– Пред околу еден месец нашиот син му кажа на татко си дека премногу го испрашува. Во тој момент ми стана јасно дека некои луѓе ги гледаат прашањата како барања – вели таа.
Потоа Адамс даде неколку примери на изјави кои родителите можат да ги приспособат на сопствените деца и нивните искуства, како на пример: „Изгледа дека си добро расположен“ или „Мислев на тебе денес за време на твојот тест по математика“ и слично.