Канадскиот терапевт Викторија Прудај предупредува дека на децата им оди полошо на училиште и се емоционално нестабилни поради прекумерната употреба на технологијата и „лошото“ родителство. Таа го опишала она што го гледа како загрижувачки тренд во однесувањето на децата.

„За време на мојата десетгодишна работа како детски терапевт, видов и продолжувам да гледам пад во социјалното, емоционалното и академското функционирање на децата. Како и наглото зголемување на тешкотиите во учењето и другите дијагнози“, предупредила таа и додала: „Децата денес се во катастрофална емоционална состојба и многу работи во нашиот модерен начин на живот водат до тоа. И покрај нашите најдобри намери, за жал, го менуваме мозокот на нашите деца во погрешна насока“.

Таа навела пет причини зошто се случува тоа:

-децата добиваат сè што сакаат кога сакаат и не поднесуваат да им се каже „не“;
-тие имаат многу ограничена социјална интеракција;
-родителите создаваат вештачки свет на забава за децата каде што не постои досада;
-децата премногу ја користат технологијата, што емотивно ги исклучува;
-родителите не поставуваат цврсти граници.

Таа, исто така, нагласила дека родителите можат да направат разлика во животот на детето со „тренинг“ на неговиот мозок за да може успешно да функционира на социјално, емоционално и на образовно ниво. Ова е првенствено поставување на граници, земајќи го предвид она што е добро за детето, а не она што детето го сака во одреден момент, ограничување на употребата на технологијата и учење на децата на нивните обврски, што ќе биде одредена основа за нивната иднина.

Извор



912

X