Родителите-корисници на социјалната мрежа „Редит“ ги прикажале низата чудни прашања што нивните деца постојано им ги поставуваат. Има навистина интересни и различни:

„Дали диносаурусите знаат дека луѓето може да бидат дебели?“

„Како изгледа изметот на пајакот?“

Еве неколку од нив:

Дали гасениците ждригаат?

Родителот кој рекол дека неговото дете го поставило ова прашање додал и дека „Гугл“ го немал одговорот. Но, друг корисник дошол на помош и напишал: „Имам пријател кој има докторат и ги изучувал гасениците“, па се понудил да праша. Подоцна рекол дека го има одговорот. Докторот му пренел: „Зборував со некои од моите соработници и се согласивме дека гасениците не ждригаат! Гасениците добиваат кислород преку цевки од нивните страни наместо преку нивната уста, па немаат мускули да вдишуваат воздух преку устата. Ако земат малку од воздухот кој останал меѓу парчињата храна што ја консумираат, уверени сме дека воздухот само ќе дифузира надвор од нивната утроба во нивната крв“.

„Која била првата мајка?“

„Мојата внука (5 години тогаш) ме праша која била првата мајка“, објаснил корисник на „Редит“. „Се збунив и прашав – како тоа мислиш која била првата мајка, мајката на твојата мајка?“ Ми рече: „Не, мајката на мојата мајка имала мајка, а потоа и таа имала мајка исто така, но колку далеку оди тоа, која била првата мајка?“

„Зошто сакам нудли за вечера?“

„Мојата ќерка регуларно дава тврдења, а потоа ме прашува зошто ги дава“, напишала една корисничка. На пример „Сакам да си играм надвор, но зошто сакам да си играм надвор?“ Кога ќе ѝ речам дека не можам јас да знам зошто таа одлучила нешто да направи и дека треба да знае самата, веднаш забележувам дека умот почнува забрзано да ѝ работи. „Знам дека можам да ѝ дадам претпоставки. Но, престанав откако сето тоа водеше до фрустрација кај неа бидејќи никогаш не бев во право. Таа не знае што е правилно, но беше сигурна дека јас сум во грешка“.

„Мамо зошто немам мочало – како момчињата?“

„Се смеев многу“, рекла корисничката чија ќерка ѝ го поставила ова прашање. „Не можев да смислам легитимен одговор“, рекла мајката.

„Зошто зелено?“

Еден корисник открил дека неговата ќерка длабоко размислува. „Зошто зелено?“  Уникатно прашање кое неговата ќерка го поставила. Не „Зошто е Х зелен/зелена/зелено?“, туку само „Зошто зелено?“ Зошто навистина? Зошто розово?

„Кои се твои омилени скали?“

Ова не е прашање со „зошто“, но моето дете ми го постави ова прашање пред две недели и уште сум збунет, објавил еден корисник на „Редит“.

 „Зошто забната вила ги сака моите заби?“

„Моето девојче, кое е прво одделение, го поставила ова прашање пред целиот клас“, рекла една корисничка. „30 6-годишници гледаа во мене и чекаа одговор“.

 „Ако змејовите навистина постоеја, колку би чинеле?“

„Колку сите богатства во Шкотска“, одговорил еден корисник на ова прашање.

 „Зошто сме на оваа планета? Зошто сме тука?“

„Мојот син ми го поставува ова прашање секој ден. Има 4 години. Што ли да одговорам“, збунето прашал еден од корисниците.

Автор: Пип Линколн

Извор



912

X