Воспитување

Детски инает – како да реагирате кога детето не ве слуша

Сигурно ви се случило вашето дете да ве погледне в очи и да ви каже: „Не сакам“, „Не можеш да ме натераш“ или „Те мразам“. Не сте единствени.
Меѓутоа, можете да ја искористите ваквата ситуација за да го унапредите вашиот однос со детето наместо да го казнувате без ефект. Еве седум стратегии што ќе ви помогнат да останете присебни кога ќе се соочите со инаетливо однесување на вашето дете.

1. Не сфаќајте ги работите лично

Инаетливото однесување на вашето дете нема цел да ве нервира или да ве налути. Крутото, инаетливо и бунтовно однесување е сигнал дека вашето дете сака да се поврзе со вас. Децата што „лошо“ се однесуваат не го прават тоа за да привлечат внимание, туку затоа што сакаат да се поврзат со вас. Најлошата работа што можете да ја направите во таква ситуација е да се изнервирате и да се налутите.

2. Размислете зошто одбива да направи нешто

Замислете штом ќе се разбудите некој да почне да ви кажува што сè треба да направите. Што да облечете, што да јадете, кога да излезете и така натаму… Ова не значи дека треба да им дозволиме на децата сами да одлучуваат за сè, но ако сфатите дека нивната автономија е околу нула, можеби барем малку ќе ја сфатите нивната желба за моќ, дури и за моќ да се бранат себеси.

3. Разговарајте сами со себе

Не постои подобра алатка за одржување на смиреноста од употребата на позитивната самодоверба. За да го усвоите „Не сфаќајте го тоа лично“, а вашата прва мисла е: „Не ме интересира, облекувај се!“, не кажувајте ја наглас. Наместо тоа, земете воздух длабоко и кажете си во себе: „Тоа одбива да се облече, јас сакам да викам, но можам да останам смирена“. Кога станувате свесни што не сакате да направите, полесно ќе го контролирате тоа.

4. Размислувајте за неговите чувства и почитувајте ги

Дозволете му го на детето чувството на бунтување и вклучете се во тоа. Обидете се да му го објаснете раскажувајќи: „Гледам дека навистина не сакаш да излезеш од автомобилот. Цврсто се држиш за седиштето и веројатно си мислиш „не, нема да излезам!“ Знаете зошто го правиме ова? За да направиме пауза во спиралата на лутење која сите ќе нè повлече. Кога смирено ја претставувате ситуацијата, вашето дете може да ја препознае својата улога, а кога нема борба, тоа забележува дека нема потреба да се брани.

5. Бидете строги само за однесување што не е безбедно

Кога постојано му држите предавања на детето, тоа станува преоптоварено, преполнето и повеќе не можете ништо да го научите. Ако почне да се однесува небезбедно или да манифестира агресија, морате да го запрете тоа, па откако ќе помине бурата, да му кажете: „Не можам да ти дозволам да ги удираш другите“. Кога на тоа ќе добиете излив на гнев, во смисла: „Те мразам!“ или „Ти си најлоша мајка на цел свет!“, можете да ги искористите претходните совети, без граници. Чекорот е направен. Наместо агресија, ќе добиеме (помалку страшно) викање. Полека се движиме кон подобро однесување.

6. Позитивно гледајте на вашето дете

Знаете дека воспитувањето љубезни, чесни и продуктивни членови на општеството е маратонска трка, а не спринт. Ова е уште еден момент за разговор со самите себе: „Моето дете е мало и сè уште учи. Неговиот мозок се развива и потребен му е смирен водач. Верувај дека ќе се промени“. Имајте визија дека на крај вашето дете ќе постапи во согласност со вашето барање.

7. Користете хумор во играта на моќта

Хуморот, ако мудро се користи, е многу вредна алатка. Избегнувајте сарказам и потсмев. Ако вашето дете се спротивставува на миењето заби, можете да кажете: „Хм, устата ти е затворена, ќе морам да го искористам носот или ушите“. Гледајте како се смее со вас, а по смеењето, најверојатно ќе се согласи. Користете ја моќта на играта и во текот на играњето дајте му на детето помоќна улога. Во нашиот дом омилена игра ни е „Одбрана на градот“, каде што јас градам кула од коцки, а децата се обидуваат да ја срушат.

Знам дека е тешко, навистина е тешко да останете смирени и прибрани за да можете да контролирате кога работите брзо се случуваат. Запомнете дека вашите деца учат како да пораснат гледајќи ве вас. Овие совети можат да ви помогнат да го подобрите вашиот однос со детето, а со тоа и неговото однесување.

Автор: Андријана Максимовиќ

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top