Детски додаток од 1 јануари ќе може да земат над 130 илјади деца. Со новите измени од Законот за социјална заштита се олеснуваат критериумите за користење на оваа услуга – право на аплицирање ќе имаат и семејства со еден вработен родител кој зема минимална плата. По овој основ, бројката од 3.200 деца кои моментално земаат додаток ќе се зголеми на 73.500.
Зголемен опфат на деца ќе има и во доделувањето образовен додаток – од сегашните 3.800 деца се очекува бројката да надмине 64 илјади.

-Критериумот зошто имаме вакво зголемување е тоа што сега и семејство во кое што еден родител е вработен и кој што има минимална плата влегува како критериум и ќе можат да ја добијат оваа поволност. Досега не беа, сега ќе бидат и овие семејства и бројот на деца се зголемува на 73.500 од први јануари -изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Вчера Владата најави и дека социјалната помош од следната година ќе биде зголемена на 200 евра, а ќе се работи и на преквалификација на лицата за да можат полесно да се вклучат на пазарот на трудот.



912

X