Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле од денеска прима возрасни пациенти заболени од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Се прават последните подготовки за нејзино ставање во функција за прием на позитивни на вирусот.

За болничко лекување се на располагање 60 легла за возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика. Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.

– Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од Ковид-19. Во моментот во Болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од Ковид-19 – соопшти вчера Министерството за здравство.



912

X