Сфатив дека преку мајчинството се созрева како личност. Немаше да се сметам за добра мајка доколку не правев грешки, учам од нив и пробувам одново.
Чудно е колку децата, без претходно да имаат таква намера, можат да направат да бидеш повеќе свесен за светот околу себе и да те натераат да созреееш. Еве неколку работи на кои ме научи ќерка ми:

1. Ако си доволно упорен, ќе го добиеш тоа што го сакаш

Упорноста кај децата најчесто предизвикува големо незадоволство кај родителите. Сите сме се нашле во ситуација да ги исполнуваме желбите и барањата на нашите деца, само да ги избегнеме постојаните прашања. Еве како ќерка ми ми ја пренесе лекцијата:
„Мамо, сакам уште чипс?“
„Не, доволно ти беше. Ајде нешто друго да јадеме“.
„Мамо, сакам уште чипс?“
„Не, навистина доволно ти беше“.
„Мамо, сакам уште чипс?“
„Океј, само уште малку“.
Ве молам кажете ми дека не сум единствената на која ѝ се случува ова. Упорноста на ќерка ми секогаш ме потсетува како треба да се насочам кон моите цели.

2. Сите заслужуваат прегратка, бакнеж или „здраво“

Мојата ќерка сака да ги поздравува сите со овие едноставни, пријателски гестови. Ми изгледа дека таа разбира дека секој човек заслужува внимание, дури и на наједноставниот начин. Кога е во јавност, без разлика дали е со деца во парк, со келнер во кафуле или постар пар во црква, ме тера и мене да бидам поотворена. Јас сум воздржана поради мојата срамежливост, но таа постојано ме потсетува повеќе да се социјализирам со другите.

3. Кога ќе се погоди моментот, не плаши се да танцуваш

Ќерка ми почнува да танцува кога ќе слушне каква било музика. Секогаш ми е задоволство да ја гледам како го прави тоа, не само затоа што е комплетно своја без никакви пречки, туку и затоа што се забавува премногу.
Во овие моменти размислувам колку би ми било мене срам да сум на нејзино место и колку е похрабра од мене! Пред да се роди ќерка ми, често имав пречки да покажам која сум навистина. Времето поминато со неа ми ја зголеми самодовербата пред пријателите, роднините и, пред сѐ, пред мојот сопруг.

3. Животот е една голема авантура

Бидејќи сѐ околу ќерка ми е ново и има премногу за учење за светот околу неа, не е изненадување што цел живот го сфаќа како голема авантура. Кога го гледам животот низ призмата на нејзините реакции, ми се отвораат очите за сѐ околу мене и сфаќам колку работи земам здраво за готово или воопшто не ги забележувам.

Нејзината возбуда прави да имам повеќе почит за можностите што ги нуди животот.



912

X