Животни или деца, кој е поголем штетник на чистите ѕидови, тапацирот на креветот и лакираниот паркет? Ова е накратко темата на дискусијата што се води на социјалните мрежи, а која полека прераснува во војна.

Кучето може, но детето не

Сѐ започнало кога една новосаѓанка се пожалила во група за изнајмување станови дека не може да најде дом бидејќи има дете. И тоа го запалило интернетот.

– Слободно плукајте по мене, но морам да кажам какви луѓе станавме. Колку броеви свртев за да најдам стан и штом спомнам дека имам дете, ми велат: „Извинете, но не“, а ако го донесам кучето, тогаш е во ред, нели? Сакате наталитет, ние сакаме да се раѓаат деца… па каде? А главно со жени разговарав – напишала оваа госпоѓа и продолжила:

– Не знам дали имаат деца или внуци. Срамота! Дете кое е цел ден во градинка, кое таму само би преспало, и тоа им пречи. И да кажам однапред, можам да потпишам и договор, да го вратам станот во состојбата во која бил кога се вселив, но нема никаков договор, разочарана сум, бесна – напишала во објавата.

Реакциите биле различни, од оние што се согласувале со новосаѓанката или биле во слична ситуација, до оние што никогаш не би им го изнајмиле својот стан на луѓе со мали деца „бидејќи се штетници“.

– Можат лесно да излажат студент или млад човек од 18 години како сакаат и да му издадат „дупка“. Среќно во потрагата – напишал еден член од групата.

Друг корисник се приклучил на дискусијата велејќи: „Па, вистината е дека сите бевме штетници како деца. Сакате да кажете дека никогаш не сте скршиле, искинале, испарале, извалкале, размачкале итн. нешто?“

Една мајка напишала: „Истото го доживеав кога бев бремена и барав стан, човекот ми рече дека станот не е наменет за дете, не знам што би направило дете за да го уништи целиот стан.“

Извор



912

X