Игротека

Децата ве прават посреќни, но само кога ќе се иселат од дома, вели истражување

Кога станува збор за тоа кој е посреќен, дали луѓето што имаат деца или оние што немаат, повеќето истражувања упатуваат на второто. Но, ново истражување посочува дека родителите се посреќни од луѓето што немаат деца подоцна во животот, кога нивните деца ќе се преселат и тие стануваат извор на социјално уживање, а не на стрес.

Повеќето истражувања за родителската среќа се фокусираа на родителите чии деца сè уште живеат дома. Овие истражувања покажуваат дека луѓето со деца се помалку среќни од луѓето без деца бидејќи имаат помалку слободно време, помалку спијат и имаат помалку пари.

Кристоф Бекер од Универзитетот „Хајделберг“ во Германија и неговите колеги се прашувале дали приказната би била различна за родителите чии деца се преселиле од нивниот дом. За да дознаат, тие анализирале податоци од едно европско истражување во кое биле анкетирани 55.000 луѓе на возраст од 50 години и постари за нивната емоционална благосостојба.

Тимот на Бекер открил дека во оваа постара група луѓето со деца имале поголемо задоволство од животот и помалку симптоми на депресија отколку луѓето без деца, но само доколку нивните деца се иселиле од домот.

Причина за ова е тоа што кога децата растат и се преселуваат, тие им обезбедуваат социјално збогатување на нивните родители, а родителите немаат дневен стрес од грижата за нив. Исто така, децата им возвраќаат на родителите така што се грижат за нив и им даваат финансиска поддршка.

– Оттука, улогата на децата како старатели, финансиската поддршка или едноставниот социјален контакт, може да ги надмине негативните аспекти на родителството – вели Бекер.

Ако родителите ја поддржуваат идејата да ги чекаат нивните деца да се преселат за да ја максимираат потенцијалната среќа, тогаш тие би можеле да се преселат во земја со подобра поддршка за грижа за децата. Истражување од 2016 година направено во 22 земји открило дека родителите биле посреќни од луѓето без деца, доколку тие живееле на места како Норвешка, Португалија и Шведска, каде што има добро платено породилно отсуство, дарежливи субвенции за грижа за деца и одмор и боледување.

Автор: Алис Клејн

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top