Дали сте родител кој по првите капки дожд веднаш ги прибира децата дома? Дали имате навика да ги откажете патувањата или прошетките со децата поради лошите временски прогнози? Ова се неколку причини зошто треба да ја промените оваа навика.
1. Затоа што на децата не им пречи дождот. Дали познавате некое дете кое би одбило да оди во парк бидејќи надвор има малку дожд?
2. Затоа што јакните за дожд и гумените чизми можат да се купат на секој агол и не се многу скапи.
3. Затоа што во некои земји врне дожд 270 дена во годината, а децата таму поминуваат повеќе време надвор отколку нашите деца.
4. Затоа што во текот на стотиците илјади години еволуција децата го минувале целото детство надвор, играјќи во сите временски услови, што значи дека сме генски приспособени да се изводениме.

5. Затоа што детето ќе порасне знаејќи дека животот треба да продолжи нормално, без оглед на временските услови.
6. Бидејќи играњето со вода е извор на радост за децата и има докажана психотерапевтска улога.
7. Затоа што децата што играат на дожд ќе бидат помалку разгалени.

8. Затоа што вирчињата од дождот се фантастично место за експерименти и забава.
9. Затоа што, за да ја сака, почитува и заштитува природата, детето треба да биде поврзано со природните феномени.
10. Затоа што кога го пуштате детето на дожд, му кажувате дека е способно и издржливо, што ја гради неговата самодоверба.