Децата се нашиот живот и нашата среќа, показател на љубов. Еден ден на вашето дете можете да му ја пренесете вашата омилена изрека за деца…
1. За сите луѓе, децата се нивниот живот. (Еврипид)
2. Децата го засладуваат трудот, но неволјите ги прават уште погорки. (Бекон)
3. Децата се најслаткиот залог на бракот. Тие ја поврзуваат и ја одржуваат љубовната врска. (Мартин Лутер)
4. Децата, тоа се нашите идни судии. (Максим Горки)
5. Првите солзи на детето се молби; ако не ги спречите, ќе станат наредби. (Русо)
6. Детето е најдобар календар; кога ќе почне да оди на училиште, ти си седум години постар; кога ќе стане човек, млад човек, ти не си веќе тоа; кога ќе создаде нов живот, твојот е веќе при крајот. (Тадијановиќ)
7. Паметните луѓе им дозволуваат на своите деца понекогаш и да погрешат. (Махатма Ганди)
8. Животот е пламен кој секогаш гори, кој повторно се пали секојпат кога ќе се роди дете.
9. Детето е книга од која читаме и која би требало да ја пишуваме.
10. Децата се огледало на родителите.
11. Детето е славеј во куќата.
12. Без деца, куќата не расте.
13. Детскиот живот е како лист хартија на кој секој остава белешка.
14. Децата се мудри. На љубов одговараат со љубов, а на омраза со омраза. Лесно ја прифаќаат дисциплината на тимската работа.
15. Човекот станува најблизок сам на себе кога ќе постигне сериозност каква што има дете додека си игра.
16. Таткото не може да направи ништо поважно за своите деца од тоа да ја сака нивната мајка.
17. Децата не се боенки. Не можеш да ги пополниш со своите омилени бои.
18. Она што детето може само да го направи, нека го направи.
19. Родителите повеќе ги сакаат своите деца отколку што децата ги сакаат родителите.
20. Не гледајте го детето како да е скапоцен камен, потрудете се навистина да стане тоа.