Секој родител сака неговото дете да биде среќно и здраво, а според ново истражување, бебињата што повеќе личат на својот татко кога ќе се родат обично се поздрави од оние што ги преземаат карактеристиките на нивната мајка. Истражувањето спроведено од Соломон Полачек, професор на Универзитетот „Бингамтон“, и Марлон Трејси од Универзитетот „Јужен Илиноис“, се фокусирало на проучување на 715 семејства, односно деца.

Истражувачите ја анализирале студијата „Кревките семејства и благосостојбата на децата“ и откриле дека бебињата што повеќе личеле на нивните татковци при раѓањето биле поздрави една година подоцна, во споредба со оние што повеќе личеле на нивните мајки. Студијата, исто така, сугерира дека татковците кои личат со своите деца поминувале повеќе време со нив во споредба со татковците кои имале помала сличност со своите деца, во просек два и пол дена повеќе.

Исто така, истражувачите откриле дека децата што се родени вонбрачно и повеќе личат на нивниот татко при раѓањето (како што е утврдено од двајцата родители во одделни интервјуа), биле поздрави до една година, во споредба со децата кои повеќе личат на нивната мајка. Имено, авторите на студијата тврдат дека татковците кои обично поминуваат повеќе време со децата придонесуваат за нивната општа благосостојба, вклучувајќи го и здравјето.

„Оние татковци што ја перципираат сличноста на детето со нив се посигурни дека бебето е нивно и затоа поминуваат повеќе време со него“, објаснил д-р Полачек. „Татковците се важни во воспитувањето на детето, а тоа се одразува и на нивното здравје“.

Еволутивната социобиологија ја поддржува оваа теорија со тоа што покажува дека сличноста на таткото со детето го поттикнува таткото да инвестира време во дружење и ангажирање околу детето. Сепак, во основа немало докази кои би поддржале други потенцијални механизми, како што се економската грижа од страна на таткото, неговата вклученост во заедничкото родителство и слично.

Извор



912

X