Дали некогаш сте се запрашале зошто вашето дете секогаш настинува? Детето мора да изгради имунитет, па нормално е да се разболува почесто во првите години од престојот во колектив. Но, освен тоа што можете да го зајакнете имунитетот на детето со здрава исхрана, постојат уште неколку навики кои ги усвоиле децата што ретко се разболуваат.

Неопходна е хигиената на рацете

Колку и да звучи безначајно, миењето на рацете е ефикасно за спречување инфекции. Миењето на рацете е одличен начин да се отстранат бактериите и вирусите кои децата можат да ги соберат додека играат, споделуваат играчки и допираат предмети.

Не го допираат лицето

Вирусите се шират преку капки. Тие влегуваат во телото на другите луѓе преку носот, очите и устата. Затоа е важно да го научите детето да не го допира лицето.

Доволно сон

Рутината пред спиење е од суштинско значење, особено за децата. Недостигот на сон често се поврзува со ослабен имунолошки систем. Истражувањата покажаа дека луѓето имаат поголема веројатност да се разболат ако не спијат доволно, а тоа важи и за децата.

Физичка активност

Редовното вежбање е исклучително здраво за одржување на целокупното здравје. Познато е дека вежбањето го стимулира клеточниот имунитет, што значи дека помага да се зголеми циркулацијата на имунолошките клетки во телото. Иако децата не мора да се впуштаат во интензивно вежбање како возрасните, тие мора да бидат охрабрени барем да учествуваат во активности кои ги одржуваат активни во текот на денот.

Здрава и балансирана исхрана

Секој родител знае колку е важна исхраната за имунолошкиот систем на детето. Ставете многу овошје и зеленчук во чинијата на вашето дете. Обидете се да вклучите храна богата со витамини Ц и Д и растителни влакна, кои не само што го зајакнуваат нивниот имунолошки систем и здравјето на коските, туку и промовираат добро дигестивно здравје.

Важноста на вакцинацијата

И за крај, не заборавајте дека вакцинацијата може да нѐ заштити од разни болести. Вакцинацијата е еден од најдобрите начини за заштита на децата и возрасните од инфекции и болести. Таа обезбедува дополнителен слој на заштита на имунолошкиот систем и му помага на телото да се бори против туѓите патогени.

Извор



912

X