Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците имаат благотворно влијание врз внучињата. За тоа сведочат многубројни научни истражувања.

1. Се намалува ризикот од депресија

Емоционалната близина меѓу бабата и дедото со внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во истражување објавено во списанието „Геронтолог“ учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. Кога научниците од колеџ во Бостон ги анализирале податоците што ги собирале 19 години, се покажало дека опасноста од депресијата се намалува и кај постарите и кај помладите генерации.

2. Се зголемува чувството на стабилност и безбедност

Бабите и дедовците кај внуците влеваат чувство на стабилност и емотивна сигурност. А во трауматични ситуации или при семејни расправии бабата и дедото често им се поддршка на внуците.

Истражување од Универзитетот во Оксфорд покажало дека блиската врска со постарите генерации им помага на децата да се соочат со трауматичните случувања во животот, како што се малтретирање на училиште или развод на родителите.

Истражувањето што го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1.500 деца и покажало дека оние што биле во блиски односи со своите баби и дедовци имале помалку емотивни тешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самосвест, што им олеснувало да ги пребродат тешкотиите.

3. Им ја олеснуваат задачата на родителите

Понекогаш родителите немаат доволно време за игри и разговор со децата. Бабите и дедовците често ги заменуваат родителите, особено кога им е потребна игра и забава. Освен тоа, тие поретко ги караат децата, така што внуците се подготвени да им ги откријат своите тајни.

Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството бидејќи и родителите се поспокојни знаејќи дека децата се добро и додека тие се отсутни.

Извор



912

X