Попладневната дремка може да биде клучна за децата на возраст до 12 години, според ново истражување

Поврзаноста помеѓу спиењето и однесувањето не е нешто ново за родителите. Студија вклучува докази кои покажуваат како расположението, нивото на енергија и резултатите на училиште се поврзани. Но, поголемо изненадување е заклучокот дека дремката се покажала како клучна во корист на децата на возраст од 10 до 12 години.

„Колку повеќе ученици спијат во текот на денот, толку поголема е придобивката од попладневните дремки“, вели Сара Медник, професор во училиштето за социјални науки на Универзитетот во Калифорнија. „Многу лабораториски испитувања на сите возрасти покажале дека дремката може да доведе до подобрување и во ноќното спиење“, вели Медник.

Воспоставувањето здрави навики на спиење кај децата може да е важно и за долгорочното здравје на децата. Недостигот на сон може да предизвика несмасност и несреќни случаи. Недоволното спиење, исто така, е поврзано со хронични здравствени проблеми, дијабетес, срцеви заболувања, висок крвен притисок, мозочен удар, дебелеење и депресија.

Истражувачите собирале податоци за фреквентноста на дремките и нивното траење кај децата во Кина кои одат во четврто, петто и шесто одделение. Споредувале параметри во однос на среќа, како и физички сегменти, на пример, индексот на телесна маса. Прибирале информации и за однесувањето на секој од испитаните ученици. Анализите покажале силна поврзаност помеѓу дневното спиење од 30 до 60 минути во текот на три дена во неделата, со позитивни резултати. Попладневната дремка се поврзува со повисоки нивоа на среќа, себеконтрола и подобра вербална комуникација. Откритијата покажале и поврзаност со академски постигнување, иако уште не е сосема јасно зошто децата што имаат подобро образовани родители повеќе спијат преку ден од децата со помалку образовани родители.

Во споредба со Кина, децата во САД и во Велика Британија обично престануваат со попладневна дремка откако ќе наполнат пет години. Во Кина, Шпанија и во некои други земји попладневна дремка практикуваат и возрасните.

Истражувачите од Универзитетот во Масачусетс ги поврзуваат дневното и ноќното спиење со подобрување на меморијата и развивањето на емоциите. Анализите покажале дека децата што ја прескокнуваат попладневната дремка се нерасположени. Во одделен извештај се утврдило и дека децата од претшколска возраст што гледаат телевизија спијат значително помалку од оние што не гледаат.

Додека здравствените и животните придобивки на спиењето се документирани и утврдени, недостигот на сон и понатаму останува вообичаен јавен здравствен проблем во светот.



912

X