Ако вашето дете оди во градинка и ако се чувствувате виновни поради тоа, ќе ви се допадне резултатот од најновото истражување од Франција. Меѓу другото, истражувачите откриле дека децата што одат во градинка се подруштвени во споредба со децата што не одат. Иако овие резултати се очекувани, во ова истражување изненадува тоа што децата што одат во градинка подобро се однесуваат отколку децата што ги чува член од семејството или дадилка.

Истражувањето спроведено од францускиот Универзитет „Сорбона“ го следело емоционалниот развој на 1.500 деца од раѓање до осмата година. Во текот на тој период родителите пополнувале анкета за однесувањето на детето, менталното здравје и статусот на првите три години од животот на детето. Позитивното влијание не било видливо само во текот на првите години кога децата оделе во градинка, туку долгорочно во развојот овие деца покажуваат помалку проблеми во однесувањето и помалку социјални проблеми во раната адолесценција.

– Градинката во првите години од животот може да ги подобри однесувањето и когнитивниот развој на детето, да спречи подоцнежни емотивни тешкотии и да го промовира социјалното однесување – објаснува д-р Мариа Мехлор, еден од авторите на истражувањето.

Тоа сигурно не значи дека родителите чии деца остануваат дома мора да ја променат структурата на грижа за децата, туку дека родителите чии деца одат во градинка може да бидат смирени поради изборот што го направиле.



912

X