Најновото истражување објавено во списанието „Слип“ покажува дека е многу важно да се создадат рутина и секојдневна навика кај детето кога станува збор за спиењето.

Заспивањето на вашите деца претставува вистински настан, понекогаш сте во искушение да ги пуштете да се истрчаат сè додека не ја изгубат силата и самите не паднат в кревет. Не само што детскиот сон значи дека родителите малку ќе се одморат, туку е многу корисен и за детското здравје. Според најновите истражувања, децата што редовно одат на спиење ќе бидат многу поздрави кога ќе бидат тинејџери. Можеби ова претставува предизвик за вас како родител, но ќе биде навистина корисно за целото семејство.

Иако на сите им е јасно колку е неопходно спиењето, родителите може да заборават колку всушност сон им е потребен на децата. Основно правило за возрасните е да спијат по осум часа дневно, меѓутоа, ако зборуваме за децата, тоа не е доволно. За децата од предучилишна возраст (од 3 до 5 години) и децата што се на училишна возраст (од 6 до 13 години), експертите предлагаат од десет до тринаесет, односно девет до единаесет часа спиење.

Сонот помага за менталниот и психички развој на детето. Истражувањата неодамна покажале дека редовното и долгото спиење (според возраста) е многу важно во младите години кога станува збор за здравиот развој на телото и телесната тежина.

Истражувачите ги поделиле децата во групи според нивната рутина за спиење и потоа ги споредувале со индексот на телесната маса (BMI). Во истражувањето биле вклучени семејства од дваесет држави во САД.

Истражувањата покажале дека 33 проценти од децата редовно оделе на спиење и спиеле онолку колку што било проценето за спиење за деца на возраст од 5 до 9 години. Исто така, се докажало и дека децата што немале рутина за спиење до деветтата година, спиеле во кратки временски периоди, на 15 години имале повисок индекс на телесна маса во однос на претходната група.

Орфеј Бакстон, еден од авторите на студијата, вели дека родителската практика во детството влијае врз менталното здравје и BMI во тинејџерската возраст. Развивањето соодветни навики во детството е од суштинско значење за подоцнежното здравје на детето. Постои голема можност дека ова, покрај физичкото и менталното здравје, исто така влијае и врз способноста за учење.

Навиките се многу важни за децата затоа што им даваат чувство на сигурност, а од тоа се развива и способноста за самодисциплина. Исто така, се намалува моќта на спротивставување и малите деца создаваат чувство на одговорност кон своите дневни активности.
Оваа рутина може да вклучува и бакнеж за добра ноќ, читање книги, редовна хигиена, како што се бањање и миење заби. Овие навики не мора да бидат идентични кај сите, но би требало да бидат редовни во животот на детето.
За да се олесни борбата против слободното одење во кревет, се предлага децата да имаат просторија во која сами ќе се релаксираат и во која ќе има предмети што се поврзани со спиењето, како што е, на пример, кадифената играчка.

На децата им е потребен сон, дури и кога не сакаат. Кога ќе се создаде рутина, ќе им биде многу полесно на родителите, а како резултат на тоа децата ќе бидат многу поздрави кога ќе бидат тинејџери.

 



912

X