Некои баби и дедовци ги принудуваат внуците да јадат поголеми и почести оброци, и честопати им нудат слатки и пржена храна како начин да ја изразат својата љубов кон нив.

Децата што ги чуваат бабите и дедовците се изложени на 30 отсто поголем ризик од развивање дебелина, покажало истражување неодамна објавено во списанието „Чајлдхуд обесити“. Авторите на истражувањето, научниците од Универзитетот во Вашингтон во Св. Луис, дошле до овој заклучок откако анализирале 23 истражувања спроведени во Америка и осум други земји (од Велика Британија до Кина и Јапонија). Главниот автор на истражувањето, Руопенг Ан, коментира дека најмногу бил изненаден од резултатите затоа што без оглед на различните култури, бабите и дедовците во сите земји се еднакво „слаби“ на нивните внуци.

И, се разбира, сите сакаат да им угодат на своите внуци онака како што најдобро знаат. Еден од начините за угодување е и во тоа што им дозволуваат на внуците да јадат сè што сакаат. Научниците се свесни дека бабите и дедовците имаат најдобри намери, без да размислуваат за последиците што вклучуваат лоши навики во исхраната, физичка неактивност и лоша перцепција за здрав начин на живот.

– Некои баби и дедовци ги тераат децата да јадат поголеми и почести оброци, а често им нудат слатки и пржена храна како начин за искажување на нивната љубов – изјави Ан и додава дека во некои култури бабите и дедовците ги ослободуваат внуците од обврски низ дома, што е исто така некоја форма на физичка активност, како знак за нивната љубов.

Ан предупредува дека таквиот став кон храната на постарите генерации има свои корени во нивната младост.

– Многу баби и дедовци биле сиромашни додека биле деца, па траумите можат да им ги пренесат на своите внуци кои, за разлика од нив, се борат со прекумерни порции храна – вели Ан.

Извор



912

X