Игротека

„Децата се сидра на мајчиниот живот“. Цитати за мајките

„Децата се сидра на мајчиниот живот“, рекол Софокле. А ова се уште некои од најубавите изреки кажани за мајките.

„Да се биде мајка, значи да се учи за силите што не сте знаеле дека ги имате и да доживеете стравови за кои не сте знаеле дека постојат“ – Линда Вутен

„Мајката не е личност на која се потпирате, туку личност која потпирањето го прави непотребно“ – Дороти Канфилт Фишер.

„Мајчинство – сета љубов на светот почнува и завршува со него“ – Роберт Браунинг.

„Мајката е личност која кога ќе види дека останале само 4 парчиња пита за 5 лица, изјавува дека никогаш не ни сакала пита“ – Тенева Џордан.


„Да се биде мајка со полно работно време, е една од најдобро платените работи. Земајќи предвид дека платата е чиста љубов“ – Милдред Б. Вермонт.

„Мајките ги држат рацете на своите деца кратко, но нивната љубов засекогаш“ – непознат автор.


„Мајката е воспитен систем во еден збор“ – Наполеон.


„Детето во првите, пресудни години од животот ја доживува мајката како сеопфатна сила која штити и храни. Мајката е храна, љубов, топлина, земја. Кога таа те сака, значи дека си жив, вкоренет, дека си дома“ – Ерих Фром.

„Мајките се раѓаат во истиот момент кога и децата. Тие претходно не ни постоеле. Жената постоела, но мајката никогаш. Мајката е нешто сосема ново“ – Рајниш.

„Ако сакате вашите деца да станат добри луѓе, потрошете на нив двојно повеќе време и двојно помалку пари“ – Абигејл ван Бурен.


„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размисли 2 пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете“ – Софија Лорен.


„Најдоброто место за плачење е мајчиното рамо“ – Џоди Пико.


„Домот не го прават богатството или пространството, убавината или удобноста. Сè зависи од мајката“ – Џ.В.И. Расел.

„Обично сите други зборови се појавуваат во пар или во три или ги има во десетици или стотици примери. Има многу рози, ѕвезди, зајдисонца, изгрејсонца, пеперутки, браќа и сестра, тетки и роднини, но на целиот свет само една е мајка“ – Кејт Даглас Виџин.


„Мајчиното срце е детска училница“ – Хенри Вард.


„Никогаш не мажете се за човек кој ја мрази својата мајка. На крајот ќе ве замрази и вас“ – Џил Бенет.


„Да била бременоста по некое чудо книга, би ги отфрлиле двете последни поглавја“ – Нора Ефрон.


„Сите жени стануваат како нивните мајки. Тоа е нивната трагедија. Ниту еден маж не станува како својата мајка. Тоа е нивната трагедија“ – Оскар Вајлд.


„Мајчиното срце е бездна во чии длабочини секогаш ќе пронајдеш едно нешто – подготвеност за простување“ – Оноре де Балзак.


„Природната состојба на мајчинството е несебичност. Кога ќе станете мајка, веќе не сте центар на сопствениот универзум. Таа позиција му ја препуштате на своето дете“ – Стиви Вондер.


„Луѓето се такви какви што ќе ги направат нивните мајки“ – Ралф Валдо Емерсон.


„Мојата мајка е најубавата жена што некогаш сум ја видел. Сè што сум постигнал ѝ должам на мојата мајка. Целиот свој успех во животот го припишувам на моралната, интелектуалната и физичката едукација што ја добив од неа“ – Џорџ Вашингтон.

„Најважната работа што може да ја направи таткото за своите деца е да ја сака нивната мајка“ – Теодор Хесбург.

„Бог не можел да биде на секое место, па затоа ги создал мајките“ – еврејска поговорка.

„Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човечкото битие да го направи она што е невозможно“ – Марион С. Гарети.


„Малото девојче било прашано каде е нејзиниот дом – Таму каде што е мојата мајка, одговорило“ – Кит Л. Брукс.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top