Не, не сте луди што сакате да ги расчистите играчките на децата. Расфрлените лего-коцки, коцките за редење и играчките се причина за нервоза кај повеќето родители – досега. Неодамнешна студија на родителите им дава причини за да ја намалат колекцијата на играчки на сопствените деца.

Студијата објавена во „Однесувањето на децата и развојот“ открива дека кога децата се во средина со помалку играчки, тие имаат посреќно, поздраво време поминато во игра. Истражувачите тестирале 36 деца на возраст помеѓу 18 и 30 месеци, во времетраење од 30 минути, во две различни соби за игра: првата група имала 4 играчки, а втората 16. Истражувачите откриле дека кога децата се во соба со помалку играчки, тие активно се вклучени подолг период. Бидејќи имало помалку играчки за да изберат, децата ги користеле своите креативни инстинкти и истражувале различни начини за да ја користат истата играчка, понатаму развивајќи ги когнитивните вештини.

Дури и подобро, биле и повеќе заинтересирани за играчките. „Ова посочува дека кога има многу играчки, тие само им го одвлекуваат вниманието, провоцирајќи ги учесниците да ја напуштат играта со играчка в рака за да истражуваат друга – велат истражувачите во студијата. Едноставно е: колку повеќе играчки имаат, толку помалку се фокусирани децата. Во текот на раните развојни години децата имаат кратко внимание, што уште повеќе ќе се влоши ако им бидат дадени повеќе играчки.

Но, еве го шокирачкиот дел: родителите на децата-учесници во студијата пријавиле дека имаат во просек по 90 играчки дома. Без разлика на тоа, науката сега конечно потврдува дека децата се посреќни со помалку играчки.

Автор: Аманда Гарити



912

X