Истражувањата покажале дека малечките сакаат креативни работи од кои можат да направат нешто, а не готови скапи предмети.

Додека на своите деца упорно им купувате нови скапи играчки, мислејќи дека ќе ги израдуваат и ќе ги окупираат нивните мисли, треба да знаете дека тие всушност најмногу се радуваат на едноставни подароци.

Истражувањето на компанијата „Кларкс“ покажало дека малечките сакаат креативни работи од кои можат да направат нешто, а не готови скапи предмети. Врз основа на студијата што ја спровеле, експертите создале список со 100 работи што треба да ги направите пред да наполните десет години, кој меѓу другото вклучува изработка на кукли од крпи, создавање хербариум, снимање и пишување песни. Истражувачите заклучиле дека тоа се мали нешта кои им угодуваат на децата од пониска возраст бидејќи успеваат да ги размрдаат и да им го задржат вниманието, додека со модерните играчки не знаат што да прават повеќе од пет минути.

Качувањето на дрво, правењето тврдини на снегот, набљудувањето на промената на годишните времиња во природата се, исто така, на листата со омилени игри…

Извор



912

X