Научниците велат дека првачињата во периодот помеѓу септември и април растат за половина милиметар повеќе месечно отколку во остатокот од годината. Се смета дека рутинските училишни распореди им помагаат на децата подобро да јадат и да спијат.

Претходните истражувања покажаа дека децата јадат повеќе брза храна и помалку играат во текот на училишниот распуст. Истражувачите од Медицинскиот колеџ „Бејлор“ во Тексас следеле повеќе од 3.500 деца во текот на пет години, од 2005 до 2010 година.

Истражувањето е спроведено на деца од 41 училиште во градот Шугар Ленд. Медицинските сестри ја мереле нивната висина и тежина двапати годишно во септември и во април. Резултатите од нивните индекси на телесна маса (БМИ) – мерки за дебелина – биле запишани за да се открие како зголемениот раст се разликува кај децата со различни типови на тело.

Резултатите покажале дека децата значително побрзо растеле за време на учебната година во споредба со летните месеци, а сличен ефект бил забележан и со индексот на телесна маса.

– Ова различно сезонско влијание врз висината и тежината води до подобра телесна состојба на децата во текот на учебната година – вели д-р Деб Томпсон, авторка на истражувањето. Експертите велат дека причината за зголемениот раст во текот на учебната година сè уште не им е целосно јасна.

– Дополнителни истражувања за децата што одат на училиште во текот на годината би можеле да помогнат во одговорот на ова прашање – велат истражувачите.

Но, тие додаваат дека оние со најголем ризик да станат дебели имале најбавен раст во текот на летото – што значи дека ќе внесат најмногу маснотии во текот на летото.

– Можно е барањата на учебната година да ја променат изложеноста на децата на дневниот циклус светло-темно, што може да предизвика сезонски модел на висина – вели авторот д-р Крег Џонсон, експерт за дебелина на Универзитетот во Хјустон.

– Дополнителни студии за деца кои се школуваат во текот на целата година може да помогнат да се одговори на ова прашање.

Јасно е дека децата со најголем ризик да станат дебели имаат помалку изразено сезонско влијание на зголемувањето на висината врз индексот на телесна маса, што покажува дека тие ќе имаат корист од напорите за спречување на дебелината во текот на годината.

Извор



912

X