Речиси сите уживаат во слатките, особено децата, но за да се спречат нездравите прехранбени навики што се формираат во детството, треба да се избегнува прекумерно консумирање шеќер и храна без хранлива вредност.

Децата до две години воопшто не треба да јадат храна со додаден шеќер, е препораката на лекарот Улрих Фегелер, член на германското здружение на педијатри.

„Додадените шеќери се оние што не се наоѓаат природно во храната и пијалаците. Ова значи дека парчето јаболко е подобра закуска за малите деца отколку колаче со чоколадо. Истражувањата покажаа дека навиките од раното детство многу влијаат врз изборот на храна подоцна во животот“, тврди Фегелер.

Вкусовите што ги развиваат децата тешко се менуваат подоцна. Ако во раното детство се запознаат со различни вкусови, поверојатно е дека подоцна ќе сакаат кисела и горчлива храна. Изборот на храна има големо влијание врз здравјето на луѓето во текот на животот.

„Ако јадете премногу шеќер, поголема е веројатноста да бидете дебели, да имате дијабетес, кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, рак и расипување на забите“, објаснува Фегелер.

Количината на додаден шеќер што е прифатливо да им се даде на децата од здравствена перспектива е до четири големи лажици или 16 грама за деца од две и три години и најмногу пет големи лажици (20 грама) за деца на возраст од четири до шест години.

Извор



912

X