Ако мислите дека вашите деца го мразеа карантинот, размислете уште еднаш. Некои од нив ќе го помнат овој период по работите во кои уживале.

Секако, тоа не значи дека пандемијата не внесе хаос во нашите животи, но многу деца уживаа во придобивките од престојот дома.

– Повеќето деца се приспособливи и издржливи, дури и повеќе од возрасните. Првото нешто во кое уживаа беше времето поминато со родителите – вели детскиот психолог д-р Френ Велш.

Всушност, карантинот им помогна на многу семејства да се зближат и да научат подобро да комуницираат.

Еве што најмногу им се допадна на децата за време на карантинот.

– Цел ден сум по пижами. Некои денови воопшто не ги соблекував, но никој не ме гледаше, па не беше ни важно – Фрејда, 7 години

– Постојано нешто грицкавме. Повеќе од вообичаено. За мене тоа беше подобро од ручекот и вечерта – Александар, 5 години.

– Не морав да се качувам на автобус. Понекогаш таму ме малтретираат, па беше одлично што не ги гледав тие деца секој ден – Софи, 12 години.

– Го мразам ручекот на училиште. Јадењето пилешки медалјони и пица дома речиси секој ден беше генијално – Мајкл, 6 години.

– Станувањето доцна. Мојот автобус обично доаѓа во 7:45, а поради далечинското учење, понекогаш спиев до 10:30 часот – Адел, 7 години.

– Можев да јадам на биро, што наставничката никогаш не ми дозволува. Џвакав гума за џвакање и правев балони, а на тато не му беше гајле – Петер, 9 години.

– Престојувањето на училиште понекогаш ми предизвикува стрес. Откако учиме на далечина, многу сум поопуштен. Затоа и понатаму ќе останам дома, иако можам да се вратам на училиште. Моите родители гледаат дека сум посреќен – Маркус, 10 години

Извор



912

X