Меѓуопштинскиот центар за социјални работи привремено ги згрижил во згрижувачко семејство децата што синоќа биле оставени во автомобил во Ново Лисиче.
Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега.

Стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени родителските капацитети. Таа процена, заедно со другите информации, ќе биде основа врз која ќе се донесе одлука за родителското право.

– Не можам да кажам колку време ќе бидат таму. Социјални тимови ќе работат и со родителите и со децата. Потоа стручниот тим ќе направи процена – вели Наташа Станојевиќ, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје.

Вчеравечер во 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на булеварот „Видое Смилевски – Бато во паркирано патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки имало две деца што биле заклучени. Децата се во добра здравствена состојба.



912

X