„Бев млада мајка кога ги добив децата, на 18, 25 и 29 години и очигледно моите деца се совршени, но нова студија вели дека сум некаква аномалија“ – објава на Твитер.

Шегата настрана, некои нови истражувања покажуваат дека бебињата што се родени од родители кои се малку постари растат во многу подобро воспитани деца.

Објавените резултати објаснуваат дека е пронајдена врска помеѓу постарите родители и „надворешното однесување“ на децата. Овде станува збор за проблематични однесувања кои се директно поврзани со надворешната околина на децата. Вклучени се физичката агресија, измамата, насилството, непослушноста за правила, крадењето и кршењето предмети. Истражувачите барале влијанија од страна на родителството кај постарите родители, особено ако има доказ кој укажува на постара возраст на мајката на породувањето, па откриле поврзаност со физичкото и менталното здравје кај децата.

Ги проучувале рамките на однесување на голема група деца од Холандија, поточно 32.892 деца. Децата биле на возраст од 10 и 12 години. А родителите на возраст од 16 до 68.

Постари родители = помалку агресивни деца

Што откриле? Меѓу многу други работи, откриле дека децата што имаат постари родители имаат мал број испади на непослушност и агресивност.

– Освен вообичаените проблеми во однесувањето, не најдовме причина за идните родители да се грижат за лошиот ефект што може да го предизвикаат ако имаат деца на постара возраст – вели Мариел Зондерван Звијненбург, водич на истражувањето.

– Можно е некои од причините за постарите родители да имаат деца со помалку проблеми како агресивност да се повеќето ресурси и повисоките нивоа на едукација – вели Дорет Бумсма, коавтор на студијата.

Очигледно има уште работа за да се дополни оваа област од студијата, но ако сте постари родители, тогаш зошто да не си честитате за одличното однесување на вашето дете.

Автор: Пип Линколн



912

X