Со изработки направени од костени, гранчиња, шишарки, јатки и пожолтени лисја, дечињата од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров ја испратија есента.
Нивните уметнички дела се изложени во просториите на градинката, а веќе имале можност да ги видат нивните родители.

– Децата со радост им ги покажуваа есенските изработки на своите родители и секако наидоа на многу восхит, изненадувања и добија многу големо „Браво“. На влезовите во сите објекти беа поставени прекрасни изработки од есенски лисја, гранчиња, шишарки, семиња кои децата со денови ги собираа. Неколку недели наназад креативните воспитувачи и вредните рачиња на децата создаваа и на тој начин го претставија богатството на есента – вели Маја Ритовска, директорката на градинката.

Есенски чадори, летала од лисја, дрвца, цветови, пеперутки, полжавчиња, балерини со есенски фустанчиња, ежиња, бувчиња и верверички од шишарки го исполнија просторот, а преубави беа и композициите на шумски кукички и печурки.

– Неколку дена ќе ги гледаме прекрасните есенски изработки, а потоа
тие ќе бидат заменети со новогодишни волшепства и магија која наскоро започнува – додава таа.





Фото: приватна архива