Воспитување

Децата од градинката „Росица“ го одбележаа Денот на планетата Земја со прекрасни изработки од капачиња

Во градинката „Росица“ во Ѓорче Петров во Скопје вработените и децата многу често креативно рециклираат со различни материјали – хартија, цедиња, пластични шишиња. Но, најпогодни за работа им се пластичните капачиња бидејќи се во различни бои и со нив децата одлично манипулираат.

Оваа година, за да го одбележат 22 Април, меѓународниот Ден на планетата Земја, ги избраа токму капачињата за да направат прекрасни изработки со кои ги разубавија дворовите.

– Воспитувачките, негувателките и децата заедно, најпрво планираа какви изработки ќе прават, па потоа на шперплочи, стиропор, на пластични капаци, редеа капачиња, ги одбираа боите, лепеа и креативно се изразуваа. И така во тревата изникнаа прекрасни цветови, прошетаа бубалки, долетаа птици, се појави виножито, се разбранува морето. Децата со радост ги шетаа своите родители меѓу изработките и се гордееја со својот труд. Минувачите и родителите, зачудени и восхитени, застануваа да погледнат и да се фотографираат – вели директорката Маја Ристовска.

Маја Ристовска

Додека сите заедно работеле на овој проект, децата беа едуцирани за тоа како да си ја чуваат планета од загадување, за да остане зелена, чиста и здрава.

Планетата Земја е единствениот наш дом.
Затоа, секој ден нека биде Ден на планетата Земја!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top