Прекрасни цитати за детството и децата.

– Децата ја гледаат магијата бидејќи ја бараат – Кристофер Мур.

– Децата ќе живеат според вашите верувања во нив – Лејди Берд Џонсон.

– Личноста е личност, без оглед на тоа колку е малечка – Д-р Сус.

– Ако дојде денот кога ќе бидеме способни да се прифатиме себеси и нашите деца онакви какви што се, тогаш верувам дека ќе се приближиме до крајното разбирање на тоа што значи добро родителство – Фред Роџерс.

– Дури и ако луѓето се многу млади, не треба да бидат спречени да го кажат она што го мислат – Ана Франк.

– Учете ги децата дека се уникатни. На тој начин нема да го чувствуваат притисокот да бидат како сите други – Синди Кешман.

– Душата оздравува кога си со деца – Фјодор Достоевски.

– Детето не е вазна што треба да биде наполнета, туку оган што треба да биде запален – Франсоа Рабле.

– Секој ден ѝ кажувам на мојата ќерка: „Кои се двата најважни дела од тебе?“ Таа вели: „Мојата глава и моето срце“. Она што те води низ животот е силата на карактерот и силата на духот и љубовта – Виола Дејвис.

– Ако сакате вашето дете да биде интелигентно, читајте му бајки. Ако сакате да биде поинтелигентно, читајте му повеќе бајки – Алберт Ајнштајн.

– Искрената вистина во светот ја кажуваат децата – Оливер Вендел Холмс.

– Вајат (мојот посвоен син) дефинитивно е мој. Малите души го наоѓаат својот пат до вас без оглед дали се од вашата или од нечија друга матка – Шерил Кроу.

– Децата не само што се невини и љубопитни, туку и оптимистични и радосни и среќни. Накратко, тие се сѐ што возрасните посакуваат да бидат – Каролин Андервуд.

– Возрасните никогаш не разбираат сами, а децата се уморуваат постојано да им ги објаснуваат работите – Антоан де Сент-Егзипери.

– Едно нешто што го научив набљудувајќи ги шимпанзата со нивните малечки е дека имањето дете треба да биде забавно – Џејн Гудал.

– Децата го прават вашиот живот важен – Ерма Бомбек.

Извор

Подготвил: Тамара Гроздановски



912

X