Есента е време кога малечките деца многу почесто се разболуваат со вирусни инфекции и настинки. Покрај коронавирусот, кој сега е во ек, кај децата се јавуваат и други респираторни инфекции со многу слични симптоми.

Заменик-директорот на Институтот за мајки и деца во Белград, проф. д-р Владислав Вукомановиќ, смета дека бројот на заразени деца ќе се намали поради распустот. Тој истакнува дека во Институтот доаѓаат оние деца на кои им е потребно болничко лекување.

– Можам да кажам дека и другите респираторни инфекции сега се во ек, проследени помалку или повеќе со покачена температура и променета општа состојба на децата, но не е секоја инфекција ковид-19 и она што е најважно, секоја инфекција предизвикана од коронавирусот не бара болничко лекување – нагласува д-р Вукомановиќ.

Докторот се осврнува и на тоа дека сега има повеќе деца со воспаление на белите дробови, баш како кај возрасните.

– Во последните неколку недели доаѓаат деца со мултисистемски инфламаторен синдром, најтешка манифестација, која зафаќа повеќе органи, пред сѐ, срцето, мозокот, бубрезите и црниот дроб – истакнува докторот за последиците од вирусот кај децата.

Тој вели дека децата се жалат на забрзана работа на срцето, лоша кондиција, чувствуваат болки во градите, не можат да се качат по скали и додава дека ова може да трае со месеци.

– ЕКГ наодите и физикалните наоди се главно добри, но она на кое обрнуваме внимание се анамнезата и деталната епидемиолошка анамнеза. По правило откриваме дека имале некоја форма, дали асимптоматска или еднодневна температура проследена со главоболка и гастроинтестинални тегоби – вели докторот.

Тој нагласува деца децата не треба само да седат и да се одмараат, туку полека да се враќаат на редовните активности.

– Мораат постепено да го зголемуваат степенот на физичка активност, кондицијата, да не се занемарува социјалниот живот и психолошката компонента, да се подигне енергетското ниво кое овој вирус очигледно извонредно го депримира – објаснува доктор Вукомановиќ.

Извор



912

X