Новите истражувања го оспоруваат верувањето дека малите деца копираат сè што прават возрасните за да завршат некоја задача, вклучувајќи и неважни акции
Генерално, психолозите сметаат дека децата на предучилишна возраст се совршени имитатори. Тие го имитираат сето она што го прават возрасните. Сега постои и официјално научно име за ова мегаимитирање: прекумерна имитација. Можеби копирањето им помага на децата да ги научат ритуалите и другите културни однесувања. Можеби децата имитираат за да им се допаднат на возрасните.
Заклучокот на тимот предводен од психологот Кара Еванс од Институтот „Макс Планк“ за човечка историја во Јена, Германија, вели дека терминот „прекумерна имитација“ погрешно сугерира дека децата безуспешно и неефикасно ги копираат ирелевантните акции.
– Наместо тоа, децата ги имитираат возрасните луѓе на многу флексибилен, селективен и адаптивен начин – вели Кара Венас.
Истражувачите тестирале 252 деца на возраст од 4 до 6 години кои ги посетувале научните центри со своите родители. Од нив, 201 дете гледале видео што прикажувало четири лица како последователно демонстрираат отстранување на капсула во која имало стикер од пластична кутија, што всушност претставувало награда. Или сите, 3 од 4, 1 од 4 или никој од демонстраторите не направил неважна акција – отворале мала врата во кутијата за да откријат празен простор пред да ја поместат капсулата.
Секое дете имало шанса да добие стикер. Речиси сите деца што ги виделе четворицата возрасни луѓе како ја извршуваат процедурата го копирале однесувањето. Но 40 отсто од нив не ја ископирале акцијата со отворањето мала врата во кутијата.
Што покажува ова?
Накратко, децата на предучилишна возраст не ја следат слепо толпата. Ако само еден од четворицата возрасни покажел подобра техника за поефикасно извлекување на наградата, тогаш децата ќе ја копирале таа постапка.
Еванс гледа поврзаност помеѓу нејзините откритија и резултатите од познатите експерименти на Соломон Аш, социјален психолог од 50-тите години.
Кога станува збор за одлучување кого да имитираат, а кого да игнорираат, децата и возрасните можат еднакво да дискриминираат.